Австралија ја објави новата виза за родители

Пишува: Зек Ристов, агент за иселеништво од Мелбурн..

Спонзорирана Привремена виза за родители под-класа 870

На 17ти Април 2019, започна новата виза за родители. Со оваа виза Македонците можат да ги доведат своите родители во Австралија на 3 или 5 годишен престој. 

Како е оваа виза различна од другите родителски визи?

Оваа виза дозволува родител на Австралиски граѓанин привремено живее да во Австралија во период од три до пет години без потреба да ја напушти државата.

Другите родителски визи имаат услов да родителот помине “Balance of Family” тест. Тоа значи дека родителот мора да докаже дека повеќе од 50% од неговата фамилијата живее во Австралија. За разлика од тие визи, визата 870 нема таков услов.

Родителот мора да има дете (биолошко, усвоен, или stepchild) кој поседува Австралиски пасош, е постојан граѓанин или е граѓанин на Нов Зеланд кој има подобна виза.

Детето на родителот ќе мора да аплицира како спонзор и да му биде одобрено. Ќе мора и да докаже дека има минимални домашни приходи. Родителите нема да можат да работат во Австралија затоа ќе морат и тие да докажат дека тие имаат доволно средства за престојот. Исто така ќе морат да докажат дека не се осудувани, да поминат лекарски преглед и да поднесат биометриски докази, тие се поважните услови.

Дали со оваа виза може да се добие постојана (перманент) виза?

Со оваа виза родителот нема да има можност да аплицира за постојана (перманент) виза. Тие ќе имаат право да живеат во Австралија максимум до 10 години.

Ако гледате постојан престој како опција тогаш има други визи за кои вашите родители можат да аплицираат, ако ги исполнуваат условите за тие визи.

Нема да можат да се вадат туристички визи за родители кој имаат намера да престојуваат во Австралија до 12 месеци. Таа концесија е завршена.

Има фиксен број на колку по класа 870 визи ќе се одобрат на годишно ниво, таа бројка е 15,000. После тоа новиот круг ќе започне на 1ви Јули следната година.

Колку ќе чини оваа виза?

Апликација за виза за три годишен престој е $5000 долари и $10,000 Австралиски долари за 10 години. Апликациите за Спонзорирана Привремена виза за родители под класа 870 започнува на 1 Јули 2019.

Доколку сте заинтересирани за оваа виза и сакате повеќе информации јавете се на Aussie Migration Services 0449 602 007 или пишете е-маил на inf[email protected]


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top