Австралија: Јагодите со игли се терористички чин

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека саботажата со јагоди во кои се пронајдени игли за шиење претставува терористички чин..

Тој побара да се воведат построги закони и казната  за контаминација на храната да се зголеми на 15 години затвор.

Морисон им порача на Австралијците да прават колачи со јагоди за да им се помогне на произведувачите.

Од продажба се повлечени јагоди на шест произведувачи. Паниката со игли пронајдени во јагоди се прошири пред два дена откако инцидентот се случи во шест сојузни држави во Австралија. Нема повредени, а полицијата трага по сторителите.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top