Австралија ќе забрани упис на невакцинирани деца во градинките

Тој изјавил дека децата мораат да бидат вакцинирани во Викторија и Квинсленд..

Прајминистерот Малколм Тернбул сака да ги укине дупките во законот кои им овозможуваат на родителите свесно да не ги вакцинираат своите деца и потоа ги запишуваат во градинките, пренесува Сандеј телеграф.

Тој изјавил дека децата мораат да бидат вакцинирани во Викторија и Квинсленд. Но во Нов Јужен Велс родителите се спротивставуваат на вакцинацијата, па и натаму им е дозволено да ги запишуваат децата во градинка со свој или со потпис на друго овластено лице.

Невакцинираните деца можат да се запишат во градинките во Јужна Австралија, Западна Австралија, Тасманија, во северните делови од земјата и на подрачјето на главниот град.

Премиерот Тернбул кој има три внучиња, рекол за Нуз корп дека родителите во Австралија имаат право да знаат дали се нивните деца безбедни во текот на престојот во градинките.

„Сите ние очајнички сакаме да ги заштитиме нашите деца, внуци и децата на другите луѓе. Ако не го вакцинирате вашето дете, не само што го ставате во опасност неговиот живот, туку и животите на останатите деца“, рекол тој.

Премиерот сака за прашањето на законот за вакцинацијата да се расправа на следнит состанок на Владата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top