Австралија официјално ја призна Република Северна Македонија

Австралија меѓу првите држави кои што ја признаа Република Северна Македонија.

На официјалниот веб сајт на Австралиското минситерство за надворешни раобти од денес Репбулика Македонија ја пишува под новото уставно име, Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia).

Досега Австралија, Македонија ја имаше признаено под референцата FYROM (Поранешна Југословенска Република Македонија) и никако је ја признаваше како Репбулика Македонија и со овој потег директно ја призна под новото име Република Северна Македонија.

Со фактот дека владата на Република Македонија побара преименување во Обединетите Нации од Поранешна Југословенска Република Македонија (Former Yugoslav Republic of Macedonia) во Република Северна Македонија се повеќе држави ќе го следат патот на Австралија и ќе ја признаат Македонија под новото уставно име.

На официјалниот веб-сајт на минстерството за надворешни работи на Австралија, сеуште ги пишува имињата на Радмила Стојмировска и Дину Вангели како едни од официјалните дипломатски претставници во Мелбурн, но ние дознаваме дека тие пред десетина дена ја напуштија Австралија и заминаа за Македонија.

Какви ќе бидат реакциите од Македонската заедница во Австралија останува да видиме, а на Македонската јавност им соопштуваме дека на 4-ти Март во Ferraro Reception во 6.30 часот навечер ќе се одржи народно собрание во организација на Македонски Манифест и Советот на Македонската Заедница за Мелбурн и Викторија.

Погледнете го ЛИНКОТ на кој што можете да видите дека министерството за надворешни работи ја призна Македонија под новото уставно име.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top