Австралија поддржувач во исполнувањето на препораките од Унеско

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денес, одржа средба со делегација од австралиската амбасада предводена од заменик амбасадорот Лианг Зенг..

Како дел од делегацијата на амбасадата беа и Билјана Бижиќ, координатор на програмата за директна помош и Зоран Костовски, почесен конзул.

На средбата Георгиески и Зенг, разговараа за актуелната состојба со спроведувањето на препораките од УНЕСКО. Заменик амбасадорот изрази задоволство од сериозниот пристап на Локалната самоуправа во спроведувањето на препораките и ја искажа својата лична поддршка и поддршката на неговата земја во понатамошната работа.

Исто така, заменик амбасадорот повика на поголемо учество на повикот за доделување на грантови од страна на Австралиската амбасада. Дополнително градоначалникот Георгиески и заменик амбасадорот Зенг, разговараа и за унапредување на промоцијата на Охрид во Австралија со цел зголемување на бројот на туристи кои би го посетиле регионот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top