Австралија потврди дека Трамп побарал помош за истрагата на Мулер

Опозициските политичари во Канбера сега сакаат да знаат дали Австралија била искористена од претседателот Трамп за дискредитирање на неговите критичари.

Австралија потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал од премиерот Скот Морисон да помогне во истражувањето на потеклото на извештајот на Мулер. Барањето за помош во истрагата предводена од главниот правобранител Вилијам Бар, наводно се случила непосредно пред посетата на Морисон на Белата куќа, минатата недела.

Австралија кажа дека ќе соработува со Одделот за правда на истрагата на Роберт Мулер. Неговата истрага за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година делумно беше поттикната од поранешен австралиски министер за надворешни работи и дипломат.

Александар Даунер објави дека член на тимот кој работел на кампањата за Доналд Трамп, Џорџ Пападопулос, знаел за руските обиди за дискредитација на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, демократска кандидатка на националните избори во САД во 2016 година.

За австралиската радиодифузна корпорација Даунер изјави дека нема што повеќе да додаде на неговата изјава за тој разговор од мај, 2016 година.

„Не можам да ви понудам повеќе информации и не знам ништо за разговорите што Скот Морисон ги имал со Американците, вклучувајќи го и претседателот Трамп “, рече Даунер.

Пападопулос негираше дека разговарал за такви детали. Тој минатата година отслужи куса затворска казна поради лажен исказ даден на ФБИ.

Според извештаите, од австралиски официјални лица било побарано од страна на администрацијата на Трамп да најдат докази за дискредитирање на извештајот на Мулер.

Претседателот Трамп истрагата за руско мешање во изборите ја нарече „лов на вештерки“. Во мај, Трамп рече дека американскиот главен правобранител Вилијам Бар ќе истражи како започнала истрагата на Мулер. Истрагата на ФБИ не утврди дека кампањата на Трамп соработувала со Русите со цел да се изврши влијание на изборите во 2016 година, но и не го ослободи претседателот од незаконско постапување.

Опозициските политичари во Канбера сега сакаат да знаат дали Австралија била искористена од претседателот Трамп за дискредитирање на неговите критичари.

Премиерот Скот Морисон е еден од најблиските меѓународни сојузници на Трамп.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top