Австралија прв пат по 29 години влегува во рецесија

Австралија влегува во прва рецесија по 29 години, потврди денеска министерот за финансии, откако Заводот за статистика извести за пад на економијата во првиот квартал..

Економијата опаднала за 0,3 проценти во првиот квартал од претходните три месеци, пред се поради пожарите, сушата и пандемијата на коронавирус, објави денеска австралиското биро за статистика (АБС).

На годишно ниво, економскиот раст се намалил на 1,4 проценти во првите три месеци од оваа година.

„Ова е најслаб раст од септември 2009 година кога Австралија се најде во светска финансиска криза и бележи само почеток на економските последици предизвикани од „ковид-19 “, изјави Брус Хокман, главен економист во АБС.

Министерот Џош Фриденберг изјави дека Австралија влегува во рецесија за прв пат по 29 години.

Австралија не е во рецесија, дефинирана како два последователни квартали со опаѓачка активност, од 1991 година, поставувајќи нов рекорд меѓу развиените земји кога станува збор за непрекинат раст, иако растот бил забавен последните години.

Податоците за вториот квартал ќе бидат објавени во септември кога официјално ќе известат за првата рецесија во три децении.

Фрајденберг вели дека економскиот пад во вториот квартал ќе биде далеку поизразен.

„Тоа е проценка заснована врз податоците што ги добив од Министерството за финансии за тоа што се очекува во вториот квартал“,рече тој на прес конференцијата по објавувањето на извештајот на АБС.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top