Австралија сака да ги забрани странските политички донации

Поради загриженоста во врска со кинеското политичко влијание во Австралија.

Поради загриженоста во врска со кинеското политичко влијание во Австралија и руската интервенција во претседателските избори во САД, денеска австралискиот парламентарен комитет препорача да бидат забранети политичките донации од странски компании и индивидуи, пренесува ABC News.

За разлика од САД и многу други земји кои забрануваат странски донации, австралиското право не прави разлика меѓу донаторите од Австралија и од други земји.

„Тоа е прашање на национален суверенитет: само Австралијците треба да имаат моќ да влијаат на австралиската политика и избори“, истакнаа од комитетот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top