Австралија: Се урна авион со американски војници

Извори од американската морнарица изјавиле дека станува збор за несреќен случај..

Американски воен авион се урна кај источниот брег на Австралија. Во тек е потрага и спасување на маринците.

Воен извор за Фокс њуз изјави дека се спасени 23 од 26 војници кои биле во авионот. Освен четворица членови на екипажот, авионот од типот MV-22-Ospri може да превезува и по 24 маринци.

Базата на авионот била во Окинава, Јапонија  а инцидентот се случил во заливот Шолвотер во австралиската сојузна држава Квинсленд.

Извори од американската морнарица изјавиле дека станува збор за несреќен случај.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top