Австралиската министерка за надворешни работи поднесе оставка

Министерката за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп поднесе оставка по внатрепартиските гласања за нов премиер на земјата..

„Денеска го известив премиерот дека поднесувам оставка како министер за надворешни работи“ рекла Бишоп.

Таа ја вршеше функцијата министер за надворешни работи од 2013 година. Беше една од фаворитите за наследничка на Малколм Турнбул, од кого се откажа владеачката Либарална партија на гласањето во петокот.

За негов наследник е избран министерот за финансии, Скот Морисон.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top