Австралиски министер поднесе оставка поради италијанско државјанство

Министерот на Австралија, Мет Канаван, поднесе оставка бидејќи неговата мајка го информирала дека можеби има италијанско државјанство.

Министерот на Австралија, Мет Канаван, поднесе оставка бидејќи неговата мајка го информирала дека можеби има италијанско државјанство, поради што не може да биде член на парламентот.Канаван изјави дека италијанската влада го смета за свој државјанин, а според Уставот на Австралија, странски државјанин не може да биде член на парламентот.
 
Претходно, уште двајца пратеници од Партијата на зелените – Скот Ладлам и Лариса Вотерс, поднесеа оставки од иста причина.Ладлам е роден во Нов Зеланд, а Лариса Вотерс во Канада, но не знаеле дека се уште имаат државјанство од овие земји, што ги напуштиле уште како деца.Поради тоа, австралискиот премиер Малком Турнбул ги исмејуваше Зелените, но сега се соочува со сличен проблем во владата.

Поради одредбите на Уставот, напишани во 19 век, за една година заминаа четири членови на австралискиот Парламент.

 Kanavan соопшти дека неговата мајка во италијанскиот конзулат во Бризбејн во 2006 година поднела барање за италијанско државјанство и дека, судејќи по се, побарала и за него. Канаван тогаш имал 25 години и никогаш не бил во Италија.Тој изјавил дека не можел да добие објаснување дали неговото регистрирање како државјанин се уште е важечко според италијанските закони.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top