Австралиски надбискуп заврши во притвор поради прикривање педофилија

Австралиски надбискуп е осуден на една година во притвор поради прикривање педофилија во неговата црква..

Австралискиот надбискуп Филип Вилсон вчера беше осуден на 12 месеци во притвор поради прикривање на сексуално злоставување , кое во 70 – тите години го направил свештеник – педофил. Надбискупот на Аделаида , во јужна Австралија во светски размери е највисоко рангирано свештено лице кое е осудено за сексуално злоставување на деца.

Судијата Роберт Стоун го осуди надбискупот , кому му е дијагностицирана рана фаза на Алцхајмерова болест , на 12 месеци притвор со тоа што шест месеци непрекинато нема да добие условна казна.

Судијата даде можност и да се проценат условите за одредување домашен притвор. Во мај 67 годишниот Вилсон беше прогласен за виновен поради тоа што на полицијата не и пријавил дека свештеник – педофил сексуално злоупотребува две момчиња , кои помагале во црквата како министранти.

Вилсон знаел дека свештеникот Џејмс Флечер ги злоупотребува децата , но ги одбил нивните наводи бидејќи сакал да ја заштити црквата и нејзиниот углед.

Во петгодишната истрага на Австралиската полиција било откриено дека во периодот од 1960 до 2015 десетици деца биле сексуално злоставувани во црквите и училиштата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top