Австралиски пожари убија повеќе од една милијарда животни

Првичните извештаи сугерираа дека 500 милиони животни веќе загинале во пожарите во Австралија, но WWF-Австралија проценува дека бројот е поголем од една милијарда, а меѓу мртвите има коали и кенгури..

Пожарите кои што веќе траат со месеци оставија изгорени милиони хектари низ Австралија, повеќе од 20 мртви и илјадници изгубени имоти, но се очекува пошироко, а помалку видливо влијание, а експертите почнаа да предвидуваат за тоа како изгледа иднината низ целата земја.

Првичните извештаи сугерираа дека 500 милиони животни веќе загинале во пожарите, а WWF-Австралија сега проценува дека тој број е поголем од една милијарда.

„Австралија е земја на огнови, но овие невидени мега пожари не се нормални. Климатските промени не предизвикуваат пожари, но ги прави многу полоши “, рече извршниот директор на WWF-Австралија, Дермот О'Горман во изјавата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top