Австрија под опсада - Путин доаѓа на свадба

Под силни безбедносни мерки , рускиот претседател Владимир Путин пристигна во австрија на свадба на шефицата на дипломатијата Карин Кнајсел..

Австриската јавност со негодување ја дочека веста дека и рускиот претседател ќе биде гостин на свадбата на министерката за надворешни работи Карен Кнајсел. Во земјата се преземени вонредни безбедносни мерки.

Свадбата на министерката Кнајсел со бизнисменот Волфганг мајлингер е закажана во ресотранот ,,Чепе” во местото Сулктал , на познатата винска тераса во австриската покраина Штаерска.

Веднаш по завршувањето на свадбата Путин заминува во Берлин , каде ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел . Главни теми на разговорите ќе бидат состојбата во Сирија, во Украина , како и енергетски теми, соопшти Кремљ.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top