Азар ја смирува ситуацијата: Немам намера на сила да си одам од Челзи

Еден Азар и Реал Мадрид повторно ќе бидат главна тема на Островот, но и во Европа во периодот кој доаѓа..

Се знае дека кога Реал ќе „фрли око“ на некој играч, тешко се откажува додека не ја оствари целта. Еден Азар за француски „Телефут“ истакна дека не сака да форсира заминување од Челзи.

„Кралскиот клуб“ во минатото често знаел да применува таква тактика, па така речиси на сила дозвола за заминување од своите клубови во Реал добија Герет Бејл и Лука Модриќ, односно Тибо Куртоа.

„Челзи беше јасен. Ми рекоа дека во текот на летото не можам да го напуштам клубот. И јас тоа го прифатив. Знаев дека ќе бидам среќен во двете варијанти, па немам за што да жалам. Никогаш нема да влегувам во конфликт со клубот. Ако го напуштам Челзи, сакам да се разделиме на пријателски начин“, изјави белгискиот репрезентативец.

Пред неколку дена Азар негираше дека би можел во јануари да прејде во редовите на мадридскиот великан, така што трансфер идното лето делува како пореална варијанта.

Белгиецот во Челзи пристигна во јуни 2012. година, а неговиот сегашен договор со „Сините“ истекува во јуни 2020. година.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top