Азар откри дека преку „врски“ ја барал „десетката“, но доби јасен одговор

Еден Азар денеска официјално беше претставен како нов играч на Реал Мадрид..

По седум години престој во Челзи во трансфер вреден 100 милиони евра на одличниот офанзивец му се исполни сонот и стана член на „Кралскиот клуб“.

Азар успешно ги мина лекарските прегледи, а потоа одржа и прес-конференција па следуваше спектакуларен дочек на „Сантијаго Бернабеу“.

Белгиецот беше претставен без број, па новинарите особено ги интересираше кој број на грбот ќе го носи во следните пет години.

Изјави дека преку Матео Ковачиќ, неговиот соиграч во Челзи кој е на позајмица од Реал Мадрид, ја барал „десетката“, но добил јасен одговор.

„Имав среќа да зборувам со Модриќ преку Ковачиќ, во шега му реков да ми ја остави десетката, но рече не“, открива белгискиот репрезентативец.

„Бројот не ми е важен. Важно ми е да играм за овој дрес и овој грб“, додаде тој.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top