Азербејџан прогласи делумна мобилизација по судирот со Ерменија

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна вонредна седница поради ситуацијата во Нагорно Карабах и судирот помеѓу Азербејџан и Ерменија во овој регион..

Азербејџан вчера прогласи делумна воена мобилизација, по судирот со ерменските сили околу покраината Нагорно-Карабах. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев потпиша декрет за мобилизација, на вториот ден од конфликтот во кој, како што објавија двете страни, има загинати.

Двете земји од 1990-те војуваат околу спорната покраина која е дел од Азербејџан, но ерменците се мнозинство и прогласија независност во спорната област која е меѓународно призната како дел од Азербејџан.

Ерменија и нагорно-карабх уште вчера прогласија вонредна состојба и општа мобилизација.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top