Баерн потпиша капитулација: Ливерпул за мали пари го добива Тијаго Алкантара

Еден од најдобрите трансфери на летото е на повидок. Баерн и дефинитивно се помири со заминувањето на Тијаго Алкантара и ја одреди цената која Ливерпул лесно ќе ја плати..

Шпанскиот играч за врска одби нов договор во Минхен, а бидејќи актуелниот му истекува следното лето, Баерн немаше друга опција освен да го продаде ова лето и да заработи барем нешто пари од него. Со оглед на тоа дека на Ливерпул не му се брза, а Алкантара влезе во последната година од договорот, Баерн мораше да ја одреди цената под реалната вредност на Алкантара, или следното лето ќе го загубеше за џабе. Иако се шпекулираше дека Баварците нема да го пуштат Шпанците под 40.000.000 евра на крајот одредија цена од 30 милиони евра и Ливерпул има отворен пат за трансферот на Алкантара.

Шпанецот е голема желба на Јирген Клоп со кого веќе разговараше и постигнаа првичен договор. Се чекаше само Баерн и дефинитивно да потпише капитулација со ниската цена па Ливерпул да испрати официјална понуда. Цената од 30 милиони евра за таков играч и во вакви услови навистина може да се нарече смешна.

Сосема друга работа е колку Ливерпул ќе го чини платата на Тијаго. Шпанецот сигурно ќе има силен договор и ќе биде во рангот на најплатените играчи во клубот. Меѓутоа, и тука Ливерпул направи простор за големиот договор на Алкантара. Клубот ова лето го напуштија Лалана, Ловрен и Клајн кои клупскиот буџет на неделно ниво го чинеа 300.000 евра што е сосема доволна заштеда за да се доведе Алкантара.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top