Бајден го повика Трамп да ги ублажи санкциите кон Иран

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден ја повика администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп да ги ублажи санкциите против Иран..

Тој порача дека е потребно да му се помогне на Иран и другите земји кои се најтешко погодени од новиот коронавирус.

Тој побара од администрацијата на Трамп да им дозволи на фирмите да увезуваат лекови и медицинска опрема во Иран и на Техеран да му се овозможи пристап до меѓународните банки и транспортни компании.

„Можеме со иранските власти да имаме многу несогласувања, но хумано и правилно е да се постапи така. Иран во знак на добра волја би можел да ги ослободи притворените американски државјани“, порача Бајден.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top