Бајка од соништата: Пред три години играше во Челарево, вечерва го уништи Ливерпул

Херој на колото во Лигата на шампионите без сомнение ќе биде фудбалерот на Црвена Звезда, Милан Павков..

Станува збор за 24-годишен напаѓач кој оваа сезона ја живее својата бајка. До пред три сезони, тој беше член на малку познатиот ЧСК Челарево кој тогаш се натпреваруваше во втората лига на Србија.

Во 2015 година се пресели во Војводина, но откако не се снајде во овој тим и не постигна ниеден гол на 13 натпревари, замина во Раднички Ниш. Моментот на пресврт се случи лани кога за него се заинтересира Црвена Звезда која го откупи неговиот договор, но го врати во Раднички на позајмица. Летово му даде шанса, а Павков врати со одлична игра и два гола против Ливерпул.

Она што е најинтересно е што Звезда лани го купи напаѓачот од Раднички за 300 илјади евра.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top