Балотели по долго време реши да проговори: Бев на чекор од Барселона

За досегашниот дел од кариерата, Марио Балотели може да каже дека е бурен, со оглед на тоа дека контроверзите нему не му беа непознати..

Балотели го привлекуваше вниманието на јавноста претежно со работи кои не се поврзани со фудбалот, а тоа потоа му се одби од глава, па изминатото лето очајнички сакаше да ја спаси својата кариера, па го прифати повикот од Ница и за првпат заигра во Лига 1.

Денес кога ќе се осврне на кариерата и самиот Балотели е свесен дека можел повеќе, а во разговор за РМЦ се присети на тоа дека малку недостасувало да заврши во Барселона.

„Можам да потврдам дека за малку ќе се преселев во Барселона. Но, клубот во кој игра, за трансферот бараше доста пари“, истакна Италијанецот и остана на овие зборови.

Каталонците го посакуваа Балотели во 2006. година кога имаше 16 години, меѓутоа Лумецан, за кој тогаш настапуваше не сакаше да го пушти по секоја цена.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top