Барди: Сонував ова да го постигнам против големата Барселона

Барселона иако растеретена од освојувањето на шампионската титула во Примера уште пред некое коло, сепак не очекуваше ваков разигран Леванте, кој на крајот им приреди вистински пекол со 5 голови..

Херој на синоќешното издание и победа на малиот Леванте, беше нашиот Енис Барди, кој повторно биеше од неверојатно позиции и ја стави Барселона во невидена ситуација.

Барди постигна два гола и на најдобар начин покажа дека е еден од највредните играчи на Леванте сезонава.

Тој по натпреварот потенцира дека сонувал да игра против Барселона и да постигне гол против нив.

Леванте е силна екипа која секој може да победи, тоа вечерва го демонстриравме. Сонував секогаш да и дадам гол на големата Барселона. Одигравме добро колективно, имаме сега голема самодоверба. Сега мора да мислиме на следната сезона и да продолжиме во ваков стил“, истакна среќниот Барди.

Со оваа победа, Леванте ја урна Барселона сезонава, односно нивниот непобедлив рекорд.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top