Баросо го поздрави изгласувањето на доверба на италијанската влада

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, го поздрави гласањето во италијанскиот Парламентот, со кое Владата на премиерот Енрико Лета доби доверба..

„ЕК и натаму верува дека политичката стабилност е од суштинско значење за Италија. Затоа е мошне позитивно тоа што италијанската Влада ќе може да ги продолжи започнатите реформи“ - се вели во соопштението на Баросо. 

Тој додаде дека од големо значење е да се избегне вештачки создадена политичка криза, која може да ја намали довербата на инвеститорите во напорите за економско обновување на Италија. 



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top