Барса и Јувентус имаат свој стил, Реал - не!

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне остро го нападна градскиот ривал Реал дека нема изграден стил по кој се познава клубот, за разлика од Барселона и Јувентус..

„Ајакс има сопствена школа, свој стил, Барселона и Јувентус исто така, како и Атлетико. Реал нема, односно го менува во зависност од играчите во составот“, изјави Симеоне.

Тој се изјасни позитивно за начинот на кој се развива Манчестер Сити под водство на Гвардиола, но додаде дека се потребни барем 10 години за да се оцени начинот на кој функционира клубот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top