Барса и Реал во Премиер лигата!

Поминаа пет кола од Премиер лигата, а ситуацијата на врвот на табелата е речиси неверојатна..

На чело се наоѓаат двата тима од Манчестер со сосема идентични параметри. Јунајтед и Сити имаат по четири победи и едно реми, вкупно 13 бода и гол разлика 16-2. Сити ремизираше во второто коло против Евертон, а Јунајтед во минатиот круг на гости кај Стоук.

Ваквата ситуација на табелата многу потсетува на состојбата во шпанското првенство на почетокот од оваа деценија. Тогаш на клупите на клупите на Барселона и Реал Мадрид беа Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо, сегашните менаџери на Сити и Јунајтед, а гигантите од Ла Лига постојано се бркаа.

Во Премиер лигата одамна не е видена ваква ситуација иако е многу рано да се влечат какви било заклучоци во врска со шансите за шампионската титула.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top