Барса ќе носи замена за Суарес, веќе се знае кој ќе биде!

Повредата на Луис Суарес која бара итна операција и ќе се изврши утре, го принуди раководството на Барселона итно да бара замена за уругвајскиот ас..

Наводно, изборот паднал на мексиканскиот репрезентативец Карлос Велас кој имаше одлична сезона во тимот на Лос Анџелес ФЦ во МЛС лигата каде беше прогласен за МВП и прв стрелец. Уште во декември поранешниот фудбалер на Барселона, Џонатан дос Сантос изјави дека Вела има понуда од Барселона за трансфер во јануарскиот преоден рок, но од каталонскиот клуб тогаш демантираа за такво нешто.

Вела има искуство во шпанскиот фудбал бидејќи во текот на својата кариера играше за Селта, Саламанка, Осасуна и Сосиедад, најдолго се задржа во баскискиот клуб, шест сезони и на 219 натпревари постигна 66 гола. Постои опција, не многу реална, Мексиканецот да дојде во Барселона на едномесечна позајмица и да се врати во Лос Анџелес непосредно пред стартот на новата сезона во МЛС лигата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top