Барса во полуфинале, шокот доаѓа од Торино - Ајакс по Реал, го елиминира и Јувентус

Барселона е патник во полуфиналето, откако вечерва го комплетираа двомечот со „црвените ѓаволи“, на Камп Ноу победија со 3:0 и со севкупни 4:0 патуваат во полуфиналето..

Лео Меси постигна два гола во првиот дел, додека третиот го постигна Филипе Кутињо кој биеше неодбранливо во мрежата на Де Геа.

Но изненадувањето на вечерта доаѓа од Торино, каде Ајакс повторно направи сензација, Давид повторно го победи Голијат, елиминиран е Јувентус, кој важеше за фаворит оваа сезона во ЛШ.

Во првиот дел се тргна убаво за Јувентус, поведоа преку Кристијано Роналдо во 28. минута, додека во 34 минута Ајакс изедначува преку Ван де Бек.

Целосен шок доаѓа во 69. минута кога од корнер за гостите стрела дефанзивецот Де Лихт, за тотален шок во Торино.

До крајот на мечот Јувентус не успеа да се врати во мечот, па Ајакс по Мадрид, сруши уште една голема тврдина, Јувентус и Торино.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top