Барселона испиша историја со триумфот против Реал Мадрид!

Барселона успеа денеска да слави со 1-0 на „Сантијаго бернабеу“ против Реал Мадрид со голот на Иван Ракитиќ во 26. минута и така Каталонците испишаа историја..

Барселона во 242. Ел Класико успеа да слави по 96. пат и така по првпат во 87 години долгата историја успеа да дојде до предност во меѓусебните дуели со Реал Мадрид.

Каталонците се исто така првиот тим кој успеал да слави на четири меча по ред на „Бернабеу“, односно во 2015/16 славеа со 4-0, па во наредните години славеа со 3-2, 3-0 и 1-0.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top