Барселона со интересна клаузула се заштити во договорот со новиот тренер

Барселона синоќа соопшти дека Ернесто Валверде повеќе не е тренер на овој тим, а неговото место го презеде Кике Сетјен..

Челниците на Барса вчера одржаа состанок со Валверде по неуспешниот настап на овој тим на шпанскиот Суперкуп. По разговорите од клубот беше соопштено дека постигнале договор за раскин на соработката и дека Валверде повеќе не е тренер на Барса.

Меѓутоа, каталонскиот клуб експресно реагираше и објави дека веќе е познато кој ќе ја води екипата во следниот период. За нов тренер на Барселона е избран Кике Сетјен кој со Каталонците потпиша договор до летото 2022. година.

Навивачите на Барса останаа изненадени што клубот му даде договор на две и пол години бидејќи очекуваа Сетјен да биде само привремено решение. Но, во Барса овој пат направија одличен потег и се обезбедија кога станува збор за новиот тренер.

Сетјен има договор до 2022. година, но се ќе зависи од резултатите дали ќе остане. Барселона има дури неколку опции за раскин на соработката со Сетјен доколку не бидат задоволни од резултатите.

Тој потпиша договор во формат шест месеци + една година + една година и клубот може да го раскине договорот со него без било какво обештетување во некој од овие три преодни рока. Сетјен веќе на лето би можел да си ги спакува куферите, но исто така да остане и до крајот на договорот доколку се покаже како вистинско решение.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top