Баша: Ќе објавиме нови докази за криминалите на Рама

Претседателот на Демократската партија на Албанија, Лулзим Баша изјави дека следниве денови се очекува да се објават нови докази кои откриваат дека членови на актуелната влада и премиерот Еди Рама се вклучени во поддржувањето на криминалот.

Баша го обвини Рама дека игра улога на адвокат на Саимир Тахири и на браќата Хабилај и побара лицата кои го уапсија поранешниот полицаев Дритан Загани, да бидат обвинети.

„Рама и Тахири денес се во паника и разочараност дека се соочуваат со вистината. Следните денови ќе има други новости кои откриваат вклученост на владини функционери во поддршка на криминалот со дрога. Светот не разбра и никој нема да дозволи среде Европа да има држава контролирана од криминалот. Ние ги проверуваме материјалите кој ја покажуваат врската на криминалот со политичарите а овие денови ќе ги објавиме податоите кои ги поседуваме. “. – изјави Лулзим Баша, претседател на ДП



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top