Беџети се премисли – нема да ги легализира платформите на Матка

Градоначалникот Блерим Беџети, под притисок на јавноста но и на централната власт се премисли и најави дека платформите поставени на Матка за кои самиот кажа дека се дибоградби нема да бидат легализирани бидејќи општина Сарај ќе ги одбие поднесените барања.

Сепак кога барањата ќе бидат одбиени, Беџети не кажа конкретно, бидејќи нема прецизен законски рок во кој Општината треба да одлучи.  Тој додаде дека и доколку ги одбие можно е да не се почне веднаш со рушење бидејќи барателите на леглаизацијата имаат право на жалба пред второстепена комисија во министерството за транспорт и врски а потоа и да поведат административен спорд пред судските инстанци.

Беџети смета дека случајот со платформите дивоградби сака да го искористи Град Скопје кој сака да ги одземе ингеренциите на Сарај и да формира јавно претпријатие кое би стопанисувало со Кањонот Матка.

Министерот Сугаревски денеска најави дека ќе побара од инспекторатите прецизни и конкретни информации не само за платофрмите  и викендичките во заштитениот појас на матка туку и за плажите во струга и изградбата на џамијата во Охрид.

Антикорупциска пак соопшти дека, откако сите институции од централната власт се прогласија за ненадлежни во случајот со Матка, ќе спроведат истрага дали има корупција, злоупотреба и незаконско постапување од општината Сарај.

Беџети потенцира дека надлежностите во овој момент од постапката ги има само општината и дека централната власт засега не е надлежна. Сепак останува фактот дека Општина Сарај не реагирала на време и не го спречила поставувањето на платформите кои од година во година добиваа на квадратура.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top