Бејл повторно понижен од „кралевите“

На велшкиот фудбалер во Реал Мадрид воопшто не му се пишува добро во иднина..

Овој 28 годишен фудбалер не е баш најголем миленик на публиката на овој тим, а тоа беше потврдено денеска на промотивното дружење на дел од играчите со фановите на Реал.

Шпанските медиуми тврдат дека знаат што точно му било префрлано, и дека многу грубости му биле изнакажани на средбата.

Исто така, магазинот АС тврди дека му дофрлување дека треба да научи да зборува шпански и дека го навредувале фамилијарно.

И покрај сето тоа, тој постави фотографија на социјалните мрежи, со насмевка, сметајки дека е се во ред, но веќе извесен период трае оваа нетрпеливост на фановите кон овој исклучително добар играч.

За Бејл се шпекулира подолг период дека следно негова дестинација е Англија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top