Бејл разочаран од навивачите на Реал: Ми свиркаат 80.000 навивачи бидејќи не играм добро

Герет Бејл веќе неколку години се наоѓа во бизарна ситуација во Реал Мадрид каде навивачите на овој клуб отворено покажуваат дека се против него..

Бејл во Реал дојде пред седум години како големо засилување од Тотенхем. Успеа да ги оправда парите со трофеите кои му ги донесе на клубот, но се чини дека никогаш до крај не го покажа својот потенцијал. За него проблемите започнаа пред две години кога навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ почнаа да му свиркаат од натпревар во натпревар.

По ова Бејл се најде и во немилост на Зидан, па во претходните мечеви седеше на трибините. Се чини дека сите во Реал сакаат да видат како Бејл го напушта клубот, но тој од инает не го прави тоа.

Бејл после се реши да проговори за односот со навивачите и порача дека не му е јасно зошто го прават тоа.

„Се случува да ми свиркаат 80.000 луѓе на стадионот бидејќи не играм добро. Првиот пат беше ‘Што е сега ова?’, па сигурно не може да му помогне на вашата самодоверба. Најголемото прашање е, односно она што не го разбирам, зошто навивачите го прават тоа. Ако на некој играч не му оди добро, навивачите треба да застанат зад него и да му дадат поддршка за да биде подобар. Но, мене ми се случува спротивното, константно ми свиркаат од натпревар во натпревар и се чувствувам се полошо. Несфатливо ми е сето тоа“, порача Бејл.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top