Бејли: Нема твитер-војна, но уште еден руски цевковод нема да донесе чист воздух

Турскиот тек нема да го промени воздухот, смета Бејли.

Откако претседателот на Обединета македонска дијаспора, Мето Колоски денеска на својот Твитер профил ги предизвика Амбасадата на САД во Македонија и Амбасадорот Џес Бејли, наведувајќи дека се случува „Твитер војна меѓу амбасадите на САД и Русија поради загадувањето на воздухот во Македонија, набргу доби одговор од Бејли.

Препирката почна завчера, кога амбасадата на САД во Македонија во објава на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“ праша„кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија“.

„Загадувањето на воздухот во Скопје денеска беше толку големо што едвај можеше да се види амбасадата! Кои се вашите идеи за почист воздух во Македонија?“ напишаа од Амбасадата на САД на „Фејсбук“ и на „Твитер“.

Набргу стаса одговор од амбасадата на Руската федерација во Македонија: „Бидејќи нашите пријатели од амбасадата на САД бараат идеи за аерозагадувањето во Македонија, ние сакаме да помогнеме со решение. #Турски тек“, порачаа од руската амбасада на „Твитер“.

Мета


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top