Белата куќа негира дека со Израел е разговарано за анексија на Западниот брег

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави во понеделникот дека со Вашингтон разговарал за присоединување на еврејските насели во палестинската енклава Западен брег (од реката Јордан).

Нетанјаху не кажа колку се отишло во разговорите за анексијата на некои од окупираните области на Западниот брег, за кои Палестинците сакаат да бидат во нивната идна држава.

„Кога станува збор за примената на суверенитетот, можам да кажа, дека за тоа веќе извесно време разговарам со Американците“, ја цитираше изјавата на израелскиот премиер, портпаролот на десничарската партија Ликуд.

Нетанјаху притоа мислел на примената на израелскиот закон за населбите, а што е чекор еднаков на анексија. Тие населби во моментов се под јуриздикција на израелската војска којашто го зазема Западниот брег во ткн „Шестдневна војна“ од 1967 година, а меѓународната заедница ги смета за окупирани палестински територии и израелската анексија не ја признава како легитимна.

Меѓутоа, подоцна во текот на понеделникот, портпаролот на Белата куќа, Џош Рафел го демантираше израелскиот премиер.

„Наводите дека САД разговарале со Израел за план за анексија за западниот брег се лажни. САД и Израел никогаш не разговарале за таков предлог и фокусот на претседателот останува на неговата израелско-палестинска мировна иницијатива“, рече Рафел

Некои политички коментатори во Израел сметаат дека изјавите на Нетанјаху се за Ликуд обид да се примири членството на оваа десничарска партнерска партија, а не некаков конкретен план.

Меѓутоа, изјавата дополнително го разгневи палестинскиот претседател Махмуд Абас кој изјави дека анексијата „би ги уништила сите напори да се направат обиди и да се спаси мировниот процес“.

„Никој нема право да разговара за состојбата на окупираната палестинска земја“, изјави палестинскиот функционер Абу Рдаина од Москва каде го придружува Абас на средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

Републиканската администрација на Доналд Трамп е многу помалку критична кон Израел отколку онаа не неговиот претходник демократот Барак Обама, но и во интервјуто објавено во неделата во израелскиот весник Hayom, Трамп го повика Израел на претпазливост.

„Населбите се нешто што прави многу компликации и секогаш го компликуваа воспоставувањето на мирот, затоа мислам дека Израел и требало да биде многу претпазлив кога станува збор за населбите“, рече Трамп.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top