Белата куќа „војува“ со главниот државен епидемиолог

Белата куќа сѐ повеќе го критикува американскиот експерт за инфективни болести Ентони Фаучи среде порастот на тензиите меѓу Фаучи и претседателот на САД Доналд Трамп..

Еден функционер на Белата куќа вчера објави листа изјави за кои сметаат дека се проблематични, пишува Би-би-си.

Меѓу нив се променливите препораки на Фаучи за носење маски и предупредувањата дека ситуацијата во САД со коронавирусот е сериозна.

Во документот кој за време на викендот протече од Белата куќа, се наведува дека „неколку функционери на владата се загрижени поради грешките на доктор Фаучи“.

„Кога ќе ме прашате дали го слушам советот на доктор Фаучи, мојот одговор е само внимателно“, изјави денес советникот на Белата куќа Петер Наваро.

Забелешките доаѓа среде забележителнио скок на бројот на заразени со вирусот во САД.

Потврдени се 3,3 милиони случаи, а повеќе од 135.000 луѓе умреа од ковид-19 низ земјата, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

Фаучи повеќе пати истакнуваше дека брзото попуштање на мерките влијае врз побрзото ширење на заразата, а се спротивстави и на изјавите на Трамп дека епидемијата во САД се смирува.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top