БЕЛАТА КУЌА ЗА РЕКОРДНИОТ ПАД НА БЕРЗАТА: Тоа се краткорочни колебања на пазарите

Tрамп изјави дека „доаѓа до краткорочно колебање на пазарите“..

Портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс рекла дека Трамп е фокусиран на „долгорочни економски основи, кои се и понатаму исклучително силни“ и додала дека тие основи вклучуваат американски економски раст, невработеност на историски минимум и зголемување на платите на вработените.

Со години на Волстрит немало ваков страшен ден, а акциите беа во слободен пад, бидејќи Dow Jones паднал за речиси 1 600 поени, што без конкуренција е најголем пад во поени во историјата на еден ден тргување.

Се наведува дека купувачите возвратиле и ја ограничиле штетата, но дека на затворањето на берзанскиот ден Dow бил и понатаму во пад во износ од 1 175 поени, што е повторно најлош резултат на овој индекс на затворањето некогаш забележан.

Вкупниот пад изнесувал 4,6 отсто, што сепак не е близу до уништувања какви што предизвикаа така наречениот Црн петок од 1987 година или финансиската криза од 2008.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top