Бенон се обидува да ги ублажи изјавите против Трамп

Поранешниот главен стартег на американскиот претседател Стив Бенон изрази поддршка на својот поранешен шеф Доналд Трамп, а неговиот син го опиша како „патриот и добар човек“..

Трамп го разлутија коментарите на Бенон во книгата на новинарот Мајкл Волф во која Бенон како „предавнички“ и „непатриотски“ го оцени состанокот на соработниците на Трамп со една руска адвокатка во текот на претседателската кампања во Њујорк. 

Во вчера објавеното соопштение Бенон наведува дека тој опис се однесувал на поранешниот шеф на изборниот штаб на Трамп, Пол Манфорт, а не на синот на Трамп.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top