Берлин лобира за датум за почеток на ЕУ преговори за Македонија

Во Берлин е клучот за надежите на Македонија, по договорот со Грција во спорот за името, да добие експресно ефектуирање на желбата за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ..

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска во Берлин ќе побара поддршка од својот германски колега Хајко Мас за ефектуирање на ветувањата за добивање датум за почеток на преговори. 

Не е тајна дека неколку ЕУ земји, а во прв ред Франција, се противат на одредувањето датум за Македонија и Албанија и бараат одлуката да се одложи за втората половина на 2019 година, по завршување на изборите за Европскиот парламент во нивните земји. 

Последните изјави на Мас говорат во насока дека Димитров, сепак, нема да има тешка задача и нема да треба да троши многу енергија на убедување на германскиот министер.

Мас во средата вечер одржа говор насловен „Храброст за Европа- Обединета Европа" пред група студенти во кој изрично се заложи за одредување датум за почеток на преговори со Македонија и Албанија на крајот на месецов.

Потенцирајќи дека исполнувањето на критериумите, во прв ред во однос на демократијата и функционалната правна држава, остануваат најважни, Мас рече дека Македонија најмногу направила на тој план.

„Некои земји добро напредуваат- во прв ред пјр Македонија, каде во последните денови и јас лично се борев за изнаоѓање решение во спорот за името".

„Оттука јас сум изрично за условено отворање на преговорите за членство со двете земји (Македонија и Албанија, н.з.)

Притоа, Мас предупредува дека последиците доколку овие земји не добијат датум за почеток на преговори би можеле да бидат фатални.

„Доколку ЕУ не успее да оствари напредок во процесот на приближување со овие земји, ќе има фатални последици", вели германскиот министер и дополнува дека земји како

„Русија, Кина и некои Блискоисточни држави, кои имаат сосема поинакви сфаќања за ред и стабилност од Европејците- се обидуваат да ја пополнат таа празнина".

Извор: Дојче Веле


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top