Берлускони плаќал 80 евра за килограм грав!

Франческа Паскале изнесува детали од својата врска со Берлускони за да ја поправи сликата во јавноста за поранешниот италијански премиер и тврди дека многумина го искористувале..

„Силвио Берлускони живееше во хаос, го искористуваа различни паразити од неговото опкружување и често беше во ситуација да ги претплати производите,“ изјви неговата актуелна девојка која во интервју ја опишала врската со 49 години постариот политичар.

Таа се појави на насловната страница на „Венити фер“ минатиот месец, а неделава откри нови детали од нивниот заеднички живот.

„Морав да интервенирам. Плаќаше по 80 евра за килограм грав. Дали можете да поверувате? Килограми риби испорачуваа на негова адреса, иако знаеја дека не јаде риба,“ ијзавила Франческа за италијанскиот медиум „Оџи“.

Според „Форбс“, богатството на семејството Берлускони изнесува околу 6,2 милијарди долари, вклучувајќи ја и ТВ империјата „Медиасет“, една издавачка куќа и фудбалскиот клуб „Милан“.

Но, политичката позиција на лидерот на десниот центар е незавидна, бидејќи првостепено е осуден за затајување на данок и би можел да биде исфрлен од парламентот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top