Беровчани луди по лекови

Најмал број на рецепти биле реализирани во Подрачна служба Крушево, вкупно 23.889 рецепти.

Анализата на потрошувачката на лекови на товар на ФЗОM по подрачни служби покажува дека  најголем број на рецепти се реализирани на територијата на Подрачна служба Скопје со вкупно 2.809.781 рецепти, што изнесува околу 31,8% од вкупно реализираните рецепти за првата половина на 2013 година. Втора по ред е тетовската каде биле реализирани вкупно 551.818 (6,2%) рецепти а во Битола  545.885 (6,17%).

Најмал број на рецепти биле  реализирани во Подрачна служба Крушево, вкупно 23.889 рецепти односно само 0,27% од вкупно реализираните рецепти за 2013 година. Покрај бројот во Скоје биле издвоени и најмногу пари за лекови – 360.817.494 денари, во Тетово  67.747.879 денари или 6,45% од вкупниот износ на ниво на РМ. Најмалку средства за лекови ФЗОМ дал во Македонски Брод само 0,27% од вкупниот износ за лекови на товар на ФЗОМ.

Што се однесува до бројот на реализирани рецепти по осигуреник беровчани се рекордери. Со 122.123 реализирани рецепти за првата половина од 2013, се добива бројка од 8,2 рецепти по осигуреник, во Подрачна служба Делчево се реализирани просечно по 7,1 рецепти по осигуреник, додека во Подрачна служба Кичево по осигуреник се реализирани просечно по 6,7 рецепти во анализираниот период. Најмал број на рецепти по осигуреник се реализирани во Подрачна служба Крушево.

На ниво на РМ во првата половина од 2013 година просечно се реализирани 5,16 рецепти по осигуреник.

Според анализата на вкупниот просечен износ  издвоен по осигуреник по подрачни служби, најмногу средства за лекови на товар на ФЗОМ во ПЗЗ по осигуреник се потрошени во Подрачна служба Берово околу 792,8 денари по осигуреник, во Подрачна служба Кавадарци се издвоени околу 753,3 денари, а во Подрачна служба Ресен се издвоени околу 736 денари. Просечно најмалку средства по осигуреник за лекови од примарна здравствена заштита се издвоени во Подрачна служба Крушево каде просечниот износ издвоен за лекови е околу 356,5 денари по осигуреник.

На ниво на РМ просечно се издвоени околу 613 денари по осигуреник за лекови од ПЗЗ.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top