БЕСА на Касами децидно против коалиција со СДСМ при евентуални избори

СДСМ смета дека е време ВМРО-ДПМНЕ конечно да излезе со јасен став за иднината на земјата во евроатланските организации, но и да се откаже од барањето за амнестија..

Пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири порача дека колегите од ВМРО-ДПМНЕ треба да ја следат волјата на народот и да ги поддржат напорите во Собранието за обезбедување двотретинско м,нозинство за уставните измени.

„Решението е јасно, одлуката е или ЕУ и НАТО или изолација. Доколку се за ЕУ и НАТО сега е моментот кога треба да се откажат од барањето за амнестија за Никола Груевски и неговите соработници, да ги повикаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои навистина сакаат да влеземе во ЕУ и НАТО треба да понесат одговорност во име на граѓаните“, вели Зеќири.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивниот став постојано бил јасен – за зачленување во НАТО и ЕУ.
Од Беса на Касами децидно негираат можност за предизборна коалиција со СДСМ – велат дека се отворени за соработка со секој албански субјект.

„Движењето Беса категорично отфрла секаква можност за предизборна коалиција со СДСМ сметајќи дека секое коалицирање на СДСМ со која било албанска партија без да се заокружат уставните права на Албанцитре како рамноправен народ во Македонија би било на штета на интересот на Албанците…“, изјави Абдуш Демири – Беса на Касами.

Ако преговорите за обезбедување на 2/3 мнозинство пропаднат, тогаш другата алтернатива сепредвремените избори кои би се одржале кон крајот на ноември.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top