БЕСА на конгрес го избра Африм Гаши за претседател

Приоритет ќе бидат евроатлантската интеграција на земјата, подобар живот за граѓаните, еднаква правда за сите, отворена партија и за редефинирање на земјата..

Скопскиот табор на движењето БЕСА вчера го избра Африм Гаши за нов претседател. Од вкупно 575 делегати, за него на конгресот во Тетово гласале 522. Гаши ветил дека отсега БЕСА ќе биде партија на сите народи што живеат во Македонија и што ги бараат своите права.

Приоритет ќе бидат евроатлантската интеграција на земјата, подобар живот за граѓаните, еднаква правда за сите, отворена партија и за редефинирање на земјата.

Другиот табор на движењето БЕСА, предводен од Биљал Касами тврди дека конгресот на партијата ќе се одржи на 24-ти февруари, датум кој според нив е едногласно изгласан од советот на партијата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top