Беснее пожарот на Канарските острови, евакуирани 10.000 луѓе

Пожарот на Канарските острови и понатаму активен. Евакуирани се 10.000 луѓе. Оганот го гаснат повеќе од илјада пожарникари и припадници на службата за вонредни ситуации..

Како што пренесува „AP“, ситуацијата денес е малку подобра бидејќи е послаб ветерот а температурата пониска.

Во пожарот на островот Гран Канарија досега се изгорени повеќе од 12.000 хектари шума.

Властите синоќа соопштија дека пожарот е вон контрола и дека се шири кон југот на островот.

Пожарите се честа појава во јужна Европа за време на топлите месеци. За повеќе од половина шпански семејства од денес е на сила мерка за претпазливост за голем ризик од пожари.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top