Бил Гејтс: Јас давам пари за да спасувам животи, а тие ме обвинуваат дека заработувам пари со убивање

Бил Гејтс, коосновач на Мајкрософт, милијардер и филантроп, даде 350 милиони долари за проекти за борба против коронавирусот и вели дека наредната година ќе го победиме вирусот..

Блумберг вели дека е оптимист дека светот ќе ги прозре лудите теории и дека ќе го порази коронавирусот.

Дали сте сигурен дека ќе добиеме функционална вакцина што ќе биде дистрибуирана низ целиот свет до крајот на 2020 година?

Првата вакцина нема да биде идеална во однос на ефикасноста против болеста и пренесувањето. Можеби нема да трае долго и најмногу ќе се користи во богатите земји како мерка за запирање на инфекцијата.

Ако имаме среќа, ќе ја добиеме вакцината пред крајот на годината. Но тогаш, во 2021 година, веројатно ќе бидат одобрени и одреден број други вакцини. Најсилната реакција најверојатно ќе потекнува од протеинската компонента. Со оглед на тоа колку компании работат на тоа, можеме да си дозволиме да направиме мал број грешки и сепак да добиеме нешто евтино и долготрајно.

Со години луѓето велеа дека антиваксерите ќе размислувале поинаку ако живееле во време на пандемија како нивните баби и дедовци. Упс.

Јас сум бил во Белата куќа двапати (од 2016 година) и ми рекоа дека треба да одам да ги слушам антиваксерите како Роберт Кенеди Џуниор. Значи да, иронично е што луѓето се сомневаат во вакцините, а ние мора да се прашуваме 'О боже, па како поинаку може да излезеш од една трагична пандемија'“.

Со оглед на скептицизмот, дали вакцината против ковид-19 треба да биде задолжителна?

Кога нешто ќе стане задолжително, тоа може да се врати како бумеранг. Но можеби би можеле да кажеме дека ќе биде задолжителна за луѓето што работат во домовите за стари лица или се во контакт со постари лица.

Што мислите за теориите на заговор дека го поддржувате истражувањето вакцина за да ги контролирате умовите на луѓето со помош на 5Г радиобранови и слично?

Тоа е чудно. Тие го земаат фактот дека јас учествувам во развој на вакцини и потоа го превртуваат наопаку, така што наместо дека давам пари за да спасам животи, излегува дека заработувам пари со убивање животи. Ако ова ги одвраќа луѓето од вакцинирањето или од прифаќањето на најновите информации за носење маска, тогаш тоа е голем проблем.

Што е со дебатата за хидроксихлорохинот, кој Белата куќа го промовираше и покрај тоа што постојано се покажува неефикасен и всушност предизвикува проблеми со срцето кај некои пациенти?

Ова е ерата на науката, но понекогаш не изгледа така. На тестовите хидроксихлорохинот изгледаше добро. Од друга страна, има сè повеќе добри терапевтски лекови за кои е докажано дека функционираат добро и немаат сериозни несакани ефекти.

Видовме дека САД и некои други земји купуваат залихи на вакцини уште пред да бидат одобрени. Дали тоа е штетно?

Потребна ни е соработка во рамките на самите земји и меѓу државите. Соединетите Држави засега не помогнаа со пари за набавка за сиромашните земји. Ние финансиравме повеќе истражувачки и развојни проекти од која било друга држава, но во однос на фабриките и набавките се грижиме само за себе. Целта на секој разговор што го водам со фармацевтските и политичките лидери е 'Еј, треба секој да биде заштитен'.

Како мислите дека ќе заврши сето ова?

Иновациите во терапиите ќе почнат да ги намалуваат стапките на смртност, но вистинскиот крај ќе дојде од ширењето на природните инфекции и вакцината што ќе ни даде имунитет на стадо. Во богатите земји тоа ќе се случи во текот на следната година, идеално во првата половина. До крајот на 2021 година, ќе излеземе од ова.

Значи, сè ќе биде добро?

Се разбира. Имаме среќа што ова не е посмртоносна болест.

Извор: МКД.мк


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top