Бил Гејтс предлага три чекори за справување со новиот коронавирус

Американскиот милијардер Бил Гејтс во авторски текст во „Вашингтон пост“ предупредува дека САД ја пропуштиле можноста да бидат чекор пред новиот коронавирус.

Гејтс посочува дека е потребен доследен национален пристап за решавање на проблемот, потоа зголемување на обемот на тестирање и трето создавање единствена база на податоци заснована врз науката, која ќе работи на развој на вакцина.

– И покрај аплите на експертите и властите во некои држави плажите и понатаму се отворени, во други рестораните и понатаму се преполни. Некои можат слободно да патуваат каде и како сакаат како и вирусот, наведува Гејтс, при тоа додавајќи оти се тоа е рецепт за катастрофа.

Тој потенцира дека мора да биде јасно оти секоја конфузија ги продолжува економските проблеми, ги зголемува можностите Ковид-19 да се врати и да предизвика поголем број смртни случаи.

Гејтс како втор чекор го наведува зголемено тестирање и објавување на резултатите, додека трет чекот е создавање на база на потенцијални волонтери за клинички испитувања.

– За да се стави крај на болеста, потребна е сигурна и ефиканска вакцина. Ако работиме се како што треба би можеле да ја имаме за најмалку 18 мессеци, посочува коосновачот на Мајкрософт.

Тој предвидува дека ќе мора да се произведат милијарди дози вакцини.

– Како што видовме оваа година, пред нас е долг пат. Но, и понатаму верувам дека ако сега донесеме исправни одлуки, засновани на науката, податоците и искуството на медицинските екеперти, можеме да спасиме животи и да ја вратиме земјата таму каде што беше, истакнува Гејтс.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top