Бил Гејтс заминува од управниот одбор на Microsoft

Microsoft во петокот објави дека нивниот ко-основач Бил Гејтс заминува од управниот одбор од таа голема информатичка компанија за да посвети повеќе време на хуманитарната работа..

Милијардерот пред повеќе од една деценија се повлече од лидерската позиција во компанијата и отвори фондација која го носи неговото и името на неговата сопруга, Мелинда Гејтс.

Microsoft ја основа во 1975 година заедно со Пол Ален, а во управниот одбор беше од 2014 година.

„Ми беше голема чест и привилегија да работам и учам со Бил сите овие години“, истакна во соопштението Сатја Надела, извршен директор на групацијата.

„Бил ја втемели нашата компанија со верба во демократската моќ на компјутерската програма и со љубов за решавање на најголемите проблеми на нашата компанија. Microsoft и светот се подобри благодарение на него“, изјави тој.

Гејтс, втор по богатство во светот, по Џеф Безос и пред Ворен Бафет според листата на Forbes од 2019 година, останува на должност како професионален советник во компанијата.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс се занимава со хуманитарна работа во светот, од образование до здравство и климатски прмени.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top