БИЛД ја шокира Германија: Неочекувана повреда на една недела пред СП!

Шокантни информации доаѓаат од таборот на германската репрезентација..

Имено, според добро информираниот таблоид Билд, се верува дека Месут Озил може да го пропушти во последен момент Светското првенство во Русија, поради ново заработена повреда.

Според оскудниот извештај на Билд, 29 годишниот играч на Арсенал, не тренира со репрезентацијата веќе 4 дена, поради болки во ногата.

Се уште нема конкретна информација околу оваа ситуација со Озил, но сигурно дека Германија и Лев би биле драстично оштетени со неиграњето на Месут Озил.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top