Билд носи ексклузува – Баерн прави сензационален трансфер од Реал Мадрид?

Германски Билд денеска донесе ексклузива во Германија во своето издание, во кое пишува за бомбастичен трансфер на еден играч од Реал во Баерн Минхен..

Споменатиот весник Билд со најголем тираж во Германија, тврди дека Реал и Баерн преговараат околу ангажманот на Иско, кој периодов е на милост и немилост во редовите на европскиот шампион.

Првично информацијата во медиумите ја пласираше италијанскиот новинар Танкреди Палмери.

Иско беше еден од клучните играчи на Реал додека Зидан беше овде, но потоа се појави Лопетеги кој не траеше долго, па и со доаѓањето на Солари нештата не се променија за Иско.

Иско има договор со Реал до 2022 година, откупната клаузула му е околу 700 милиони евра, па вистинска дилема е дали Баерн Минхен ќе се согласи на такви баснословни цифри и дали Реал ќе ја редуцира оваа цифра, со цел да го продадат Иско.

Од друга страна, Билд упорно пишува дека се водат преговори и дека наскоро може да биде официјализирана работата.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top