Биното прашува: Мерцедес протестира против се, освен против еден тим!

Матја Биното кој е водечкиот човек во боксот на момците од Маранело, отворено прашува, зошто Мерцедес не сака отворено да протестира против Рејсинг Поинт, тимот кој има реплика, идентичен модел на болид како и ланскиот на Мерцедес..

Запрашан да го искоментира тоа нешто, Биното истакна:

Копирањето на еден комплетен болид во Ф1, па зарем е нормално? Зборуваме за интелектуална сопственост. Да сум јас на местото на Мерцедес, би протестирал против некој кој што ме копира. Зошто тие не протестираат?!“, се прашува Биното.

Како што е познато, Мерцедес воопшто не протестираше, не пријавија копирање во ФИА против Рејсинг Поинт.

Судиите го казнија Рејсинг Поинт со одземање на 15 поени и парична казна од 400.000 долари, но доколку не ги казнат посериозно, секој втор послаб тим ќе почне да копира од други тимови и ситуацијата ќе стане уште посложена.

„Она што го направи Рејсинг Поинт не е во ред и спротивно на законите, ние и понатаму протестираме против ваквите појави!“, се надоврза Биното.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top